На граничниот премин Блато, при влез во Република Македонија, денеска полициски службеници го лишиле од слобода А.Г.(43) од Република Албанија, соопштија од МВР.
– При вршење на граничните проверки тој се обидел да даде потпкуп од 50 евра на полициски службеник за поминување на државната граница за него и неговото дете. А.Г. бил предаден на инспектор при Одделот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија -Дебар за понатамошна постапка и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, појаснуваат од МВР.