Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (18.02.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 216 мерки, меѓу кои за непочитување на брзина на движење 29, 52 прекршоци што ги чинат пешаците, пет за возење без возачка дозвола.

Изречени се 13 санкции за користење на мобилен телефон, пет за технички неисправни и нерегистрирани возила и 66 мерки за непрописно паркирање.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/02/2021 11:04