Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе, е прогласен од навивачите за играч на неделата во Лигата на шампионите, објавено е денес на веб-страницата на УЕФА.
Францускиот фудбалер во вторникот постигна хет-трик на првиот натпревар на гости во осминафиналето од елитното натпреварување против Барселона (4:1).
Конкуренти на Мбапе во изборот му беа Мухамед Салах (Ливерпул), Ерлинг Халанд (Борусија Дортмунд) и Серхио Оливеира (Порто).