На 18.02.2021 во 01.15 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово, врз основа на судска наредба од Основен суд Куманово, го лишиле од слобода М.П.(38) од Куманово за издржување на казна затвор за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Тој бил спроведен во Казнено-поправна установа Затвор-Идризово за издржување на казната.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/02/2021 20:49