На 18.02.2021 гoд. во 13.40 часот на ул.„Никола Карев“ во Велес при легитимирање на З.П.(60), истиот го турнал полицискиот службеник и се дал во бегство, но набрзо бил лишен од слобода и приведен во полициска станица.
Кога З.П. бил донесен во полициската станица му се слошило и била повикана екипа на итна медицинска помош која откако му пружила помош го пренела во Медицински центар во Велес, каде по кратко време починал.
Известен е јавен обвинител по чија наредба телото е предадено за обдукција во Институтот за судска медицина.