Во денешната акциска контрола на СВР Куманово се санкционирани 58 возачи од подрачјето на општините Куманово и Липково, кои возеле со поголема брзина од дозволената, информираше полицијата.

Покрај тоа, од сообраќај биле исклучени осум возила поради други прекршоци и 92 поради неносење маски.

Во вчерашната акција во овие две општини поради брзо возење беа казнети 62 возачи.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/02/2021 21:40