Во текот на вчерашниот ден (21.02.2021) Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената на територијата на целата држава, при што санкционирани се 872 прекршоци.

Од нив, 108 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 30 возила се движеле со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/02/2021 10:18