Вкупно 62 прекршоци регистрираше вчера СВР Велес од 11 до 17 часот, при спроведената акциска контрола на подрачјето на Велес, Кавадарци и Неготино.

Од регистрираните прекршоци, 12 се во Велес, 17 во Кавадарци и 33 во Неготино, информира портпаролот Верољуб Додевски.

Како што најави Додевски, за прекршителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/02/2021 13:42