Поранешниот капитен на германската фудбалска репрезентација Лотар Матеус ја поддржа идејата за враќање на Доменико Тедеско во Шалке.

– Тедеско продолжува да биде важна фигура за Шалке. Би му доверил да започне нова ера и повторно да го изгради тимот, изјави Матеус.

Тедеско веќе соработуваше со Шалке од 2017 до 2019 година. Во сезоната 2017/18, клубот од Гелзенкирхен, под негово водство, го зазеде второто место во Бундеслигата.

Во март 2019 година тренерот беше разрешен, а во октомври стана тренер на Спартак.

Оваа сезона Шалке со само девет бода од 22 натпревари е последен во поредокот во Бундеслигата.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/02/2021 14:05