Полициска контрола на сообраќајот на тетовското подрачје, за шест часа изрекла 70 мерки за пречекорување на максимално дозволената брзина надвор од населено место. Спроведена е акциска контрола за брзина од 11 до 17 часот.

Како што информираат од СВР Тетово, од 70-те мерки, четири се однесувале за пречекорувања поголеми од 70 километри на час, а 34 за пречекорувања од 50 до 70 километри.

– Покрај ова, биле изречени и 39 мерки за пречекорувања на максимално дозволената брзина во населено место. Една од изречените мерки била за пречекорување за над 50 километри на час. При контролата санкционирани се и пет други видови прекршоци, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Контролите продолжиле ноќта на автопатот Тетово – Гостивар со употреба на таканаречениот „ноќен радар“ од 20 до 23 часот, исто така, за брзина. – Во близина на клучката за тетовско Камењане, полициски службеници од тетовската полициска станица за безбедност на патниот сообраќај законски санкционирале 19 возачи, од кои девет ја пречекориле брзината за над 70, а десет од 50 до 70 километри на час, информира Јосифоски.

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените санкции. а



Автор: Администратор
Објавено на: 22/02/2021 15:37