Комората на сметководители денеска ќе информира за состојбата во која се наоѓаат сметководителите поради кратките рокови за поднесување на финансиските извештаи и завршните сметки и ќе ги презентира проблемите што може да произлезат од операционализацијата на петтиот пакет економски мерки.

Сметководителите во неколку наврати досега бараа пролонгирање на роковите за поднесување на финансиските извештаи и завршните сметки согласно можностите што ги дава Законот за трговски друштва.

На прес-конференцијата најавено е обраќање на претседателот и на потпретседателката на Комората, Драган Митковски и Ана Тасевска.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/02/2021 09:54