Вчеравечер (22.02.2021) околу 19.30 часот на улица „Живко Брајковски“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 22-годишниот гостиварец Ф.Н., поради сомнение дека во последниве два месеца во Гостивар извршил пет кражби и тешки кражби, од кои три во моторни возила.
Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар за документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок.