Индиските власти денеска предупредија дека поради прекршување на упатствата за тестирање и другите мерки против ширење на коронавирусот, епидемиолошка состојба може да се влоши во многу земји, особено затоа што има и нови, мутирани варијанти на вирусот.

Неполн месец откако министерот за здравство објави дека епидемијата е под контрола, стигнаа извештаи за зголемување на бројот на новозаболени, а граѓаните се повеќе се спротивставуваат на носењето маски и одржување физичка дистанца.

Од почетокот на пандемијата во Индија се потврдени 11.03 милиони случаи, 13.742 само во последните 24 часа. Од почетокот на пандемијата од вирусот починаа вкупно 156.567луѓе.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/02/2021 12:58