Тракторист загинал вчера во Неготино, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

-На патниот правец Неготино -село Курија се случила сообраќајна незгода во која Т.Е.(75) од Неготино, управувајќи трактор „ИМТ-539“, со неготински регистарски ознаки, изгубил контрола, излетал од коловозот и од здобиените повреди, починал на местото на незгодата. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, изјави Додевски.

Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Неготино.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/02/2021 14:11