Во СВР Велес вчера било пријавено дека околу 09.50 минути на ул.„Благој Ѓорев“ во Велес, пред продажен објект, вработената 34 годишната А.Д. била физички нападната од 68 годишниот К.С.информира портпаролот Верољуб Додевски.
Додевски најави дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Тој информира дека во СВР Велес вчера било пријавено дека околу 13.00 часот на ул.„Љубљанска“ се случила физичка пресметка помеѓу 64 годишниот Т.Т. и 65 годишниот Р.Ч., двајцата од Велес.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, најави Додевски.