Полициски службеници денеска околу 11.45 часот во гостиварско Чегране го лишиле од слобода Ф.А.(19) од ова село, осуден на тригодишна затворска казна за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Како што соопшти МВР, по приведувањето, реализирано со судска наредба, Ф.А. ќе биде спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово за издржување на казната.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/02/2021 20:27