Младиот фудбалер на Баерн Минхен, Џамал Мусала, одлучи својата репрезентативна кариера да ја гради во дресот на Германија,избирајќи ја својата родна земја пред Англија. за која, исто така, настапуваше во младинските категории.

Седумнаесетгодишниот Мусала ја обелодени одлуката, по разговорот со германскиот селектор Јоаким Лев и еден ден откако стана најмлад стрелец на Баерн Минхен во Лигата на шампиони, постигнувајќи гол во вчерашниот триумф на актуелниот европски првак над Лацио од 4:1 во Рим.

-Имам срце за Германија и имам срце за Англија. Многу размислував, меѓутоа на крајот го послушав чувството дека е добра одлука да играм за Германија,земјата во која сум роден изјави Мусала за германската телевизија АРД.

Мусала, кој е роден во Штутгарт, потекнува од младите категории на лондонски Челзи, каде започна да игра фудбал во 2011 година, преминувајќи во Баерн Минхен во 2019 година.

– Имав навистина добар и отворен разговор со Јоаким Лев. Се сретнавме во Минхен и јасно ми го покажа мојот пат во репрезентацијата“, посочи Мусала, додавајќи дека на средбата присуствувал и спортскиот директор на репрезентацијата Оливер Бирхов.

Германија е во група со македонската репрезентација во квалификациите за Мундијалот во 2022 година, што стартуваат идниот месец.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/02/2021 21:45