Фудбалерот на италијанскиот прволигаш Милан, Златан Ибрахимовиќ, се согласи идната недела да биде еден од главните водители на овогодишното издание на музичкиот фестивал во Сан Ремо.

Еден од најстарите и најреномираните музички фестивали во светот годинава ќе се одржи од 2 до 6 март, а Ибрахимовиќ ќе учествува на фестивалот четири денови.

Шведскиот фудбалер ќе биде на првиот ден на Сан Рено, следниот ден ќе игра првенствен натпревар со Милан против Удинезе, по што ќе се врати на музичкиот настан и ќе учествува до сабота, а в недела ќе патува со својот тим на дуелот против Верона.

Предвидено е во рамки на фестивалот, Ибрахимовиќ да исполни и музичка нумера во дует со тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ.

Од Милан соопштија дека Ибрахимовиќ, за време на фестивалот, „ќе тренира во посебен објект“.

-Неколку тренинзи ќе пропушти, но ќе биде со нас за натпреварите. Доколку постои некој шампион, кој може да го поднесе сиот овој притисок, тогаш тоа е тој, изјави тренерот на Ибрахимовиќ на клупата на Милан, Стефано Пиоли.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/02/2021 21:55