Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (24.02.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На териториите на Шуто Оризари и на Мирковци изречени се вкупно 67 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 15 санкции, 11 за непочитување на брзина на движење, четири за нерегистрирани возила и две санкции за возење под дејство на алкохол.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.