Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола, врз основа на судска наредба, во текот на вчерашниот ден извршиле претрес во домот и помошни простории на битолчанецот П.Б. (31).

При претресот биле пронајдени и одземени хероин, амфетамин, марихуана и семки од марихуана.

Битолчанецот П.Б. бил лишен од слобода и приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од секторот за односи со јавност на СВР-Битола.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/02/2021 11:28