На 25.02.2021 во 21.15 часот на ул.„Видое Смилевски Бато“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ш.И.(25) од с.Желино, тетовско, затоа што при преглед во неговото возило „ауди“, со тетовски регистарски ознаки, бил пронајден и одземен пиштол „ЕКОЛ 99“-9 мм, за кој немал дозвола.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/02/2021 11:36