СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.П.(51), Е.Г.(50) од Битола и против правно лице од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство“.

Б.П. и Е.Г. како одоворни лица на распишан јавен тендер-отворена постапка од Министерство за култура-Управа за заштита на културно наследство на Република Македонија-Скопје, за доделување на договор за јавна набавка, успеале да бидат избрани како најповолен понудувач за услуги-физичко обезбедување на археолошкиот локалитет „Свети Климентов Универзитет- Плаошник“ Охрид, при што се обврзале обезбедувањето на наведениот објект да го извршуваат 24 часа за времетраење од 12 месеци, почнувајќи веднаш по склучување на договорот, каде потребни се шест лица, по двајца во смена за осум часа за 24 часовно обезбедување.

Пријавените не се придржувале кон обврските, на смена ангажирале по еден работник и за себе обезбедиле износ од 1.040.760 денари.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/02/2021 01:39