На 26.02.2021 во 22.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека угостителски објект на ул.„6“ во с.Стајковци, сопственост на С.П. и А.П. (52), работи и во него има гости.

Полициски службеници во содејство со Државен пазарен инспекторат извршиле контрола при што во објектот биле затекнати 18 лица кои се приведени во Полициска станица Гази Баба за понатамошна постапка, поради непочитување на мерките за заштита на здравјето од ковид-19.

По документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/02/2021 16:23