Попладнево се случил вооружен инцидент во скопската населба Ѓорче Петров. Како што пенесува порталот курир, на улицата „4-ти јули“ кај слаткарницата Шехерезада, пукано е во полициски службеник.
Според очевидци на настанот, вооружените лица кои пукале, веднаш по настанот избегале.
Порталот пренесува и дека, неофицијално, ранетото лице е син на поранешен верски лидер во Македонија. Според нивните информации станува збор за Зекљуљ Реџепи, син на поранешниот поглавар на ИВЗ Сулејман Реџепи.