Повеќе од половина милион жители на американската држава Тексас сè уште немаат топла вода, бидејќи надлежните служби сè уште не успеале да ги поправат водоводните цевки, иако снежното невреме во Тексас престана пред осум дена.

Вкупно 509.206 лица се без топла вода до неделата вечер, соопшти Комисијата за квалитет на живот во Тексас (TCEQ), јави Си-Ен-Ен.

Пасторката Мерилин Дејвис ја помина целата недела собирајќи вода во полициската станица за да им ја достави на членовите на заедницата кои имаат потреба.

– Беше многу, многу тешко. Живеам во стан во зграда, каде што воопшто немавме вода и тешко ни е. Толку многу луѓе на едно место, без вода, рече Дејвис.

Голема снежна бура го погоди Тексас пред околу десетина дена, по што милиони луѓе останаа без струја и вода, а имаше и жртви.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/03/2021 20:59