На 28.02.2021 во 21.20 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар, во содејство со Државниот пазарен инспекторат, извршиле контрола во угостителски објект во с.Беловиште, гостиварско, сопственост на П.М.(50) од Гостивар, при што констатирале дека објектот работи и внатре биле затекнати седум лица со сопственикот.

Поради непочитување на работното време, односно постапување спротивно препораките од Владата, објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат, а сопственикот бил лишен од слобода и приведен во полициска станица.

По целосно документирање на случајот против П.М. ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/03/2021 21:01