Е.И. (27) од Штип е лишен од слобода зашто со употреба на сила и ја одзел чантата на својата сограѓанка М.Џ. (70).
Како што соопшти МВР, Е.И. е приведен вчера во 18.00 часот, на улицата „Панче Караѓозов“ од страна на полициски службеници од Полициската станица Штип.
Според МВР, украдените предмети и се вратени на оштетената, а по целосно документирање на случајот, против Е.И. ќе биде поднесена соодветна пријава.