Финската Влада денеска прогласи вонредна состојба поради зголемувањето на случаите со Ковид-19, чекор што ќе и овозможи на оваа нордиска земја да затвори ресторани и да воведе други мерки за запирање на пандемијата.

Одлуката е донесена во време кога нови варијанти на вирусот придонеле за раст на инфекции во земјата, која веќе ги затвори своите граници. Вонредната состојба, исто така, ќе и овозможи на Владата да ги затвори училиштата и да го ограничи движењето меѓу регионите.

– Владата смета дека е потребно сите да имаме помалку контакти, рече премиерката Сана Марин на прес-конференција.

Неколку фински региони забележаа брз пораст на случаи на коронавирус во последните две недели, особено кај скијачите во Лапланд и работниците на бродоградилиштата и градилиштата.

Финска е една од европските земји најмалку погодена од коронавирусот.

Во Финска, од почетокот на пандемијата се пријавени 58.064 случаи на Ковид-19 и 742 смртни случаи, додека 210 лица во моментов се хоспитализирани.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/03/2021 21:17