Францускиот претседател Емануел макрон ги повика денеска Французите да издржат уште еден до месец и половина, пред да може да ги почувствуваат првите олеснувања во актуелната здравствена криза, јави дописникот на МИА.

Ќе биде потребно Французите да издржат приближно уште четири до шест недели, доколку се повикаат на зборовите на нивниот претседател кој беше во посета на центарот за обука за индустриски занаети во Стенс, Сен-Сен Дени, кој му одговори на еден студент кога го замоли да го помести полицискиот час од 19 часот, бидејќи е тешко.

Дваесет француски департмани се под засилен надзор и може да бидат предмет на заострување на ограничувањата во наредните денови, а културните работници утринава повикаа на отворање на културата, една година по првите затворања и откажувања на настаните.

Заедно со новите ограничувачки мерки што би можеле да се воведат, извршната власт работи на зголемување на вакцинацијата, особено меѓу најранливите и медицинскиот персонал, со цел да се обиде да го намали притисокот во болницата. Жан Кастекс во четвртокот објави дека кон средината на мај, на сите лица над 50 години ќе им биде понудена прва инјекција против Ковид-19.

-До крајот на март две третини од луѓето над 75 години ќе бидат вакцинирани, рече премиерот.

Шефот на државата, исто така, предвидува неделава да одржи состанок со членовите на владата за да подготви воспоставување на здравствен пасош, со цел повторно отворање на културни места и ресторани затворени од пандемијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/03/2021 21:20