Британско-шведскатата компанија „АстраЗенека“ го продаде својот 7,7-отстотен удел во акциите на „Модерна“ за повеќе од милијарда долари, откако акциите на оваа американска биотехнолошка компанија пораснаа благодарение на пробивот на нивната вакцина на пазарот на вакцини против коронавирусот, пренесе британски „Тајмс“.

Не е јасно во кој период оваа британско-шведска компанија го продала својот удел во „Модерна“, со која планира да одржи партнерство во други терапии.

„АстраЗенека“ ќе може во иднина да ја продава вакцината на комерцијална основа доколку вирусот стане ендемичен, се додава во извештајот.

„Модерна“, чија вакцина неодамна беше одобрена за итна употреба во САД, соопшти дека очекува годинава од својата вакцина против коронавирусот да оставри приход од околу 18,4 милијарди долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/03/2021 21:35