Полициски службеници при вчерашната акциска контрола во периодот од 7 до 12 часот на подрачјето на СВР Велес санкционирале 14 возачи за неправилно престигнување.

– Притоа, за пет часа биле регистрирани 14 прекршоци, од кои осум во Велес, пет во Кавадарци и еден во Неготино, информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Додевски најави дека овие возачи ќе бидат санкционирани со соодветни пријави.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/03/2021 15:47