Околу 400 метри езерска трска е опожарена во вчерашниот пожар, долж Охридското крајбрежје, во близина на струшкото село Калишта.

СВР Охрид денеска информира, дека во 12 часот и 45 минути во Полициската станица во Струга бил пријавен пожар на трска кај месноста „Калишко поле“, на брегот на Охридското Езеро.

– Од извршениот увид, констатирано е дека опожарена е езерска трска во должина од околу 400 метри и ширина од околу 40 метри, а со интервенција на Територијалната противпожарна единица, спречено е неговото натамошното ширење, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Полицијата, нагласи тој, презема мерки за расчистување на настанот.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/03/2021 13:16