MVRTK, продолжува со нови музички успеси оваа година, овој пат со победничкиот ремикс на песната Paradise од канадскиот продуцент и диџеј Luis Torres. Песната е поддржана од музичката издавачка куќа на глобалната ѕвезда Tiesto, Musical Freedom и е прва песна од MVRTK што ја слушаме оваа година.

Од над стотина учесници во компетицијата за песната, ремиксот на MVRTK се пласираше на победничкото прво место, избрано од Luis Torres заедно со музичката издавачка куќа на Tiesto, Musical Freedom.

Минатата година тој постигна голем успех со песната Break Away издадена со германските SWUTCH Music. Песната беше поддржана од музичката ѕвезда R3HAB на неговата радио емисија I Need R3HAB на најголемата радио станица за електронска музика, Insomniac Radio. Исто така, таа котираше на второто место на Beatport топ листата Progressive House, а високо котираше и на многу топ листи низ светот на iTunes и Apple Music.

MVRTK издаде уште две песни во 2020 - Adore You со германските 1St Strike Deep која исто така котираше високо на топ листите за електронска музика низ светот, како и песната Again што ја издаде со германските SWUTCH Music, која беше поддржана од музичката легенда Ferry Corsten за време на неговата радио емисија Corsten’s Countdown.

Како што забележуваме со првата песна на MVRTK за оваа година, тој е подготвен неговата музика да добива поддршка од големи и познати музички ѕвезди, што значи дека ќе слушаме уште многу песни и ќе дознаваме за брзиот светски подем на овој македонски продуцент и диџеј во иднина.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/03/2021 15:29