Работниците ќе можат телефонски или електронски, преку меил, да пријавуваат или да поднесуваат жалби и барања доколку им се прекршени правата. Ова е целта на новата кампања на ССМ која предвидува поедноставен пристап до бесплатната правна заштита за работниците.

Кампањата е под мотото „Правна заштита – сигурност на работничките права“.

-Преку воведување посебна новоотворена телефонска линија 070 818 878 и преку посебна меил адреса, prijavi@ssm.org.mk, работниците можат да ги доставуваат своите пријави, жалби и барања, по што колегите во најкраток рок ќе постапуваат, информира ССМ.

Според ССМ, активностите за заштита на работничките права ги преземаат овластените правни застапници и синдикалните претставници во 10 регионални синдикални претставништва (Скопје, Битола, Велес, Делчево, Кавадарци, Куманово, Охрид, Прилеп, Тетово, Штип) како и во синдикалните канцеларии (во Ресен, Свети Николе, Берово, Виница, Кочани, Гевгелија, Неготино, Крива Паланка, Дебар, Струга, Македонски Брод, Гостивар, Кичево, Струмица, Пробиштип, Радовиш).



Автор: Администратор
Објавено на: 03/03/2021 16:10