Ерменската опозиција го отфрли предлогот за одржување предвремени парламентарни избори без претходна оставка на премиерот Никол Пашинијан, пренесуваат руските медиуми.

Британските медиуми потсетуваат дека Пашинијан пред два дена изјави дека е подготвен да распише предвремени парламентарни избори, доколку опозицијата се согласи на одредени услови.

Откако војската минатата недела ја побара неговата оставка, што Пашинијан ја оцени како обид за воен удар, ерменскиот премиер се соочува со постојани протести и сериозна уставна криза во која се инволвира и претседателот Арман Саркасјан.

Саркисјан два пати одби да го смени началникот на Генералштабот на ерменската армија, Оник Гаспаријан, кој претходно беше ослободен од должноста од премиерот Пашинијан, а одлуката за тоа сега му е препуштена на Уставниот суд на Ерменија.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/03/2021 16:19