Кривична пријава против сопственик на угостителски објект во Велес, кој работел по дозволеното време и во него се затекнати гости.

– СВР Велес поднесе кривична пријава против правно лице – угостителски објект од Велес и против Н.З.(64)-сопственик и управител на правното лице поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 24.12.2020, полициски службеници извршиле контрола во објектот и констатирале дека не се почитувале одлуките на Владата, односно објектот работел по дозволеното време и во него имало гости, соопшти денеска МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/03/2021 22:32