СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.М.(49) од село Вешала, управител на угостителски објек, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Од МВР денеска информираат дека полициски службеници при извршената контрола на 15 февруари 2021 околу 21:35 часот во Тетово, во угостителскиот објект констатирале дека Н.М. постапил спротивно на одлуката на Владата на Република Северна Македонија и по дозволеното работно време во објектот имало гости.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/03/2021 22:36