Загрижува бидејќи податоците за разлика од британскиот сој дека не штити од стекнатиот имунитет потполно. Значи можеби полесно, дека ова реткост да се зарази некој што навистина прележал, овде можеби половината би се заразиле да се надеваме дека не би се заразиле со тешка клиничка слика.Меѓутоа тие сепак, ќе ја шират болеста, вели Пановски.

Тој смета дека Владата треба да се извини што шпекулираше за вакцините 3 месеци.

-Тоа што радува е што престанаа да шпекулираат со датуми. Јас мислев дека ќе се вакцинирам во март ако не влезам во овие фајзеровите, уште не ме викнале. Фактички оние пред некој ден кажаа дека нема да шпекулираме, но меѓутоа требаше да се извинат што шпекулираа три месеци. Значи лажна надеж се даваше, а сега веќе не се знае кога ќе дојдат. Веќе сме навикнати да западот не лаже, па не ме чуди и за вакцините, додава Пановски.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/03/2021 01:10