Јеменските бунтовници Хути денеска соопштија дека со крстосувачка ракета погодиле нафтена рафинерија во Џеда, а државните медиуми во Саудиска Арабија се уште не информирале за инцидентот.

Портпаролот на Хутите, бригадниот генерал Јахја Сари на Твитрер објави дека истралале крстосувачка ракета врз саудиската нафтена рафинерија на компанијата Арамкод.

Хутите во ноември минатата година ја ракетираа истата нафтена рафинерија.

Од 2015 година цели на Хутите се меѓународните аеродроми, воените објекти и нафтената инфраструктура во Саудиска Арабија, а изминатите недели бунтовниците ги интензивираа нападите.

Саудиска Арабија ја предводи коалицијата и ја поддржува меѓународно признаената Влада во Јемен, која е во судир со Хутите, кои имаат поддршка од Иран. Хутите во 2014 година го зазедоа главниот град на Јемен, Сана и северниот дел од земјата.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/03/2021 10:53