Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе кривична пријава против Д.К.(40) од Куманово – полициски службеник во Полициската станица Куманово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“.

На 14 декември 2020, пријавениот во својство на полициски службеник при вршењето службата физички го малтретирал И.П. од Куманово при што му нанел телесни повреди. Против полицискиот службеник е поведена и постапака за утврдување дисциплинска одговорност.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/03/2021 00:16