Во Полициската станица Центар вчера во 12.46 часот било пријавено дека во казино на бул.„Партизански одреди“ има починато повозрасно лице.
Итната медицинска помош констатирала смрт без траги на насилство. Извршен бил увид на место и бил известен Јавен обвинител и по негова наредба телото на починатото лице било пренесено во капела Бутел.