Во СВР Велес вчера околу 18:00 било пријавено дека едно лице физички го нападнало 82 – годишниот С.Т. во куќа на ул.„Ганчо Хаџи-Панзов” во Велес, по што настанала физичка пресметка помеѓу него и синот на С.Т., информира портпаролот Верољуб Додевски.
-Се преземаат мерки за расчистување на случајот, вели Додевски.
Исто така вчеравечер околу 19:20 минути во СВР Велес било пријавено дека во двор на куќа на ул.„Благој Нечев” во Велес настанала физичка пресметка помеѓу 43 годишниот Л.Х. и 43 годишниот Б.У.
– По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава,најави Додевски.