Денеска (5 март) околу 17 часот, во тетовско Ратае, полициски службеници на Секторот за меѓународна полициска соработка-Оддел за потраги на МВР, во содејство со СВР Тетово, го привеле 41-годишниот С.М. од скопско Коњаре, осуден на седум и пол годишна затворска казна за сторени кривични дела "тешка кражба", согласно член 236 од Кривичниот законик.

По приведувањето, реализирано со судска наредба, С.М. ќе биде спроведен во КПУ"Идризово" во Скопје за издржување на казната.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/03/2021 23:35