На 05.03.2021 полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек за потрага постапија по меѓународна потерница од Интерпол Германија и вoТетово го лишија од слобода К.И. (30) кој се барал за сторени кривични дела поврзани со трговија на голема количина на кокаин и марихуана на територијата на Германија, за кое дело според германскиот кривичен закон се предвидува максимална казна затвор од 15 години.

Лицето, според законската процедура, ќе биде испорачано на германската полиција.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/03/2021 16:33