СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.Л.(76) од охридското село Трпеица, поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривичните дела „бесправно градење“, „узурпација на недвижности” и „употреба на исправа со невистинита содржина“, како и против В.К.(53) од Охрид поради сторено кривично дело „фалсификување или уништување деловни книги”.

Првопријавениот, во период од август-декември 2020 година, на катастарска парцела во селото Трпеица, во месноста „Трпеичко кале“ што е во состав на Националниот парк „Галичица“, без да поседува одобрение за градба изградил индивидуален објект и како доказ употребил фалсификат геодетски елаборат, изработен од второпријавениот.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/03/2021 19:50