Полицијата вечерва на граничниот премин „Богородица“ заплени камион полн со марихуана, информираат од МВР за МИА.

Од МВР повеќе детали за акцијата најавуваат за утре.

Во Гевгелија денеска се одвива и друга акција за сузбивање на нелегална трговија со дрога, каде се запленети околу 200 килограми марихуана и приведени неколку лица.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/03/2021 00:47