Властите на француската прекуморска територија Нова Каледонија воведоа карантин, кој ќе трае најмалку две недели, откако денеска беа потврдени првите девет лица инфицирани со Ковид-19 од почетокот на пандемијата.

Премиерот на Нова Каледонија, Тјери Санта изјави дека постои голем ризик вирусот да почне да циркулира на архипелагот во Пацификот.

Границите на територијата се речиси целосно затворени, а сите летови од странство се забранети, а патниците кои ќе пристигнат на архипелагот ќе мора две недели да бидат во изолација. Од утре се стопирани сите неесенцијални активности, а училиштата и факултетите ќе бидат затворени.

Во Нова Каледонија живеат 270.000 луѓе. На почетокот од пандемијата беше прогласен едномесечен карантин и оттогаш немаше рестрикции. Околу 5.200 жители на Нова Каледонија ја примија првата доза од вакцината против Ковид-19.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/03/2021 16:23