Претседателот на Иран, Хасан Рохани денеска изјави дека државата е подготвена да почне со исполнување на одредбите од Нуклеарниот договор од 2015 година откако САД ќе ги укинат економските санкции кон Техеран.

Рохани на средбата со ирскиот министер за надворешни работи Сајмон Ковини истакна дека „Иран е подготвен да ги почитува одредбите од Договорот, само доколку САД ги укинат илегалните санкции и прекинат со политиката на закани и притисок“.

Рохани упати критики и кон европските земји потписнички на Договорот, бидејќи не исполниле дел од обврските, истакнувајќи дека Иран е единствена земја која го почитувала Договорот.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/03/2021 16:25