Спектакуларен портокалов облак од пепел и лава минатата ноќ се крена високо во воздух над неколку сицилијански села по новата ерупција на Етна.

Тоа беше 10-та голема ерупција на Етна од 16 февруари, кога повторно се активира овој најактивен европски вулкан.

Столб од чад и пепел беше кренат на височина од 10.000 метри, а осум околни села беа преплавени со пепел и камења, додека вжештената лава се спушти по падината на југоисточниот кратер кон ненаселена област, соопшти италијанскиот Институт за геофизика и вулканологија (INGV), пренесоа американските медиуми.

Во првичните информации се наведува дека засега нема човечки жртви, повредени или сериозна материјална штета, а во соопштението на ИНГВ се додава дека ветровите ги носат облаците од пепел подалеку на исток и дека веднаш по ерупцијата биле регистрирани нови слаби потресувања на тлото.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/03/2021 00:04