Автомобилската компанија „Астон Мартин Лагонда глобал холдингс Плц“ од Велика Британија, ги најави своите први електрични автомобили во 2025 година, изјави најголемиот акционер на компанијата, во интервјуто за „Фајненшл тајмс“ тп денеска беше објавено.

Претседателот на одборот, Лоренс Строл изјави дека спортскиот електромобил ќе се произведува во погони во Англија и во Велс. Канадскиот милијардер вложил 535 милиони фунти (околу 622 милиони евра) за да ја спаси компанијата при корона-кризата во 2020 година. Така, сега тој има 22 отсто од акциите, според податоците од агенцијата Блумберг.

„Мерцедес-Бенц“ можеби ќе произведува батерии за електромобилите, вели Строл, иако британскиот бренд сѐ уште разгледува и други понуди.

Со ова, се чини, по Брегзит, Велика Британија има намера да се бори за водечка улога во производството на електрични возила, планирајќи и да забрани продажба на нови бензински и дизел-возила до 2030 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/03/2021 10:05